Руските дипломати полетаа од Вашингтон

Протераните од САД руски дипломати го напуштија Вашингтон со специјален лет.

Руските дипломати кои беа протерани од администрацијата на претседателот на САД Барак Обама со специјален лет го напуштија Вашингтон, пренесува „Газета.ру“ повикувајќи се на прес-службата на амбасадата на РФ во Вашингтон.

„Авионот полета, сите одлетаа“, соопшти амбасадата.

Претходно беше соопштено дека во Вашингтон слетал специјален авион со кој треба да се вратат во Русија дипломатите протерани од САД.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња