МНР РФ: САД им помагаат на деструктивните сили во Сирија

Министерството за надворешни работи на Русија реагираше на санкциите кои САД ги воведе против Русија поради Сирија.

Администрацијата на претседателот на САД Барак Обама во својата намера да ја смени власта во Сирија е подготвена да им помогне на сите деструктивни сили, вклучително и на групата „Џебхат ан Нусра“, се вели во коментарот на МНР РФ во врска со новите антируски санкции на САД.

„И нас се обидуваат да нѐ „казнат“ за поддршката на владата на Сирија во борбата со тероризмот, кој ѝ се заканува не само на таа земја, туку на целиот свет. Одамна е забележано дека при сегашната администрација Вашингтон во својата намера за смена на власта во Сирија е подготвен да им помогне на сите деструктивни сили. Ја штити и покрива терористичката група „Џебхат ан Нусра“, која ги изврши најстрашните терористички напади во САД.

Очигледно ,Белата куќа заборавила дека според американското законодавство помагањето терористи е тешко кривично дело“, се вели во изјавата на руското МНР што ја пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња