ЕУ ги продолжи антируските санкции

Европската унија официјално ги продолжи до 31 јули 2017 година економските санкции против Русија, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Претставниците на ЕУ потсетуваат дека лидерите на западните земји го поврзуваат траењето на санкциите со реализацијата на „Минската спогодба“.

„Оценувајќи ја имплементацијата на „Минската спогодба“ на седницата на Европскиот совет на 15 декември, шефовите на државите и владите на ЕУ отворија пат кон продолжување на санкциите за уште шест месеци – до 31 јули 2017 година. Советот формално ја донесе оваа одлука на 19 декември 2016 година во писмена процедура“, се вели во коминикето што го пренесува РИА „Новости“.

Економските санкции на ЕУ против Русија беа воведени од 1 август 2014 година, додека во септември истата година беа проширени.

Кремљ го смета за апсурдно условувањето на санкциите со реализацијата на „Минската спогодба“, затоа што Русија не е страна во конфликтот во Украина.

Како одговор на санкциите на Западот, Русија го ограничи увозот на прехранбени продукти од некои земји. Ембаргото трае до 31 декември 2017 година.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња