Обама: Русија е слаба земја која тргува со нафта, гас и оружје

Претседателот на САД Барак Обама во текот на последната негова прес-конференција годинава изјави дека американските специјални служби регистрираа престанок на сајбер-нападите од Москва по септемврискиот самит на Г-20 во кинескиотХангжу, откако тој му изјавил на претседателот на Русија Владимир Путин за неприфатливоста на таквите дејствија.

Обама изјави дека го повикал Путин „итно да престанат“ секаквите руски сајбер-напади на изборите во САД и предупредил дека таквите акции ќе има последици, соопштува Си-Ен-Ен.

„Всушност, не видовме понатамошни обиди за фалсификување на изборниот процес, но протекувањето во „ВикиЛикс“ веќе се случи“, рече Обама.

Тој исто така го критикуваше неодамнешното омекнување на реториката на републиканците против Русија на темата сајбер-напади кои ѝ се припишуваат на Москва.

„Роналд Реган би се превртел во гробот“, изјави Обама.

На прашањето дали Путин лично има некаква врска со хакерските напади на американските избори, Обама одговори дека таквите активности треба да се контролираат од „човекот што е највисоко“.

„Не се случуваат многу настани во Русија без знаење на Владимир Путин. Таквите активности се контролираат на  највисоко ниво на руската влада“, рече Обама.

Притоа тој, исто така, рече дека „поранешниот противник на САД во Студената војна“ е „помала и послаба земја“ од САД.

„Нивната економија не произведува ништо што би сакале да купиме освен нафта, гас и оружје“, изјави Обама.

Покрај тоа, претседателот на САД тврди дека токму Русија по хакирањето на серверите на Демократската партија на САД го организирала протекувањето на електронските писма на шефот на штабот на демократите Џон Подеста во „ВикиЛикс“, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња