Савченко: ЛНР и ДНР се борат против Порошенко како ние против Јанукович

Украинската пратеничка Надежда Савченко не ги смета лидерите на ДНР и ЛНР за терористи и е подготвена да води преговори со нив, за разлика од украинските власти.

„Бунтовниците во Донбас се борат против претседателот Петро Порошенко како што ние на Мајдан се боревме против Виктор Јанукович“, изјави пратеничката во Врховната рада на Украина Надежда Савченко за Éspresso.TV по средбата со лидерите на ЛНР и ДНР во Минск.

Савченко верува дека сегашните украински власти не ги исполниле барањата на Мајдан и дека не е завршена истрагата за убиството на учесниците во протестите 2014 година во Киев.

Таа исто така не ги смета лидерите на самопрогласените Донецка и Луганска Народна Република, Александар Захарченко и Игор Плотницки, за терористи. „Тие не се терористи. Постои јасен збор поими кој опишува што се смета за тероризам. Таму (во Донбас) постои дел сепаратисти и дел колаборационисти. А дел од населението е окупиран”, смета Савченко, пренесува „Взгљад”.

Таа уште претходно ги сметала лидерите на ЛНР и ДНР, за разлика од раководството на Украина, како луѓе со кои можат да се водат директни преговори и е подготвена лично да ги води таквите преговори.

Савченко претходно го посети Минск, каде имаше средба со лидерите на ДНР и ЛНР Захарченко и Плотницки. Плотницки потврди дека тој и Захарченко имале состанок со Савченко и дека разговарале со неа за размена на заробеници по принципот „сите за сите“.

Стручњаците сметаат дека Надежда Савченко има шанси на политичката сцена на Украина како самостојна фигура, која може да основа сопствена партија и да добие значителна поддршка на следните избори.

Врховната рада на Украина инсистира на исклучување на Савченко од составот на украинската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАСЕ) и од стручниот парламентарен одбор за прашања за национална безбедност и одбрана. Пратениците сметаат дека Савченко ја „срами Украина” и ги осудуваат преговорите со лидерите на ДНР и ЛНР.

Претходно Савченко беше исклучена од украинската партија на Јулија Тимошенко „Баткившчина”

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња