Песков ја отфрла можноста за „дружба“ со ЕУ против САД

Русија и ЕУ можат да работат заедно на големи предизвици и проблеми, наместо да бидат пријатели против некого, изјави во четвртокот портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

„Но, се разбира, тешко дека можеме да се согласиме со идејата дека можете да се дружите против некого, ако се имаат предвид токму овие опасни заклучоци. Тоа, веројатно, не е пристапот кој би им одговарал на нашите интереси“, изјави Песков пред новинарите, коментирајќи ја изјавата на шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, која сугерираше дека Русија и ЕУ можат да заземат заедничка позиција како противтежа на политиката која има намера да ја спроведува администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

„Прво, ние сѐ уште не знаеме каква точно политика ќе спроведува администрацијата на Доналд Трамп - тоа е како прво. Како второ, Русија традиционално се залага за добри односи со Европската унија, кои сега ги нема како такви“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.

Портпаролот на шефот на руската држава исто така наброја низа проблеми и предизвици на кои ЕУ и Русија можат да работат заедно.

„Ние, несомнено, сметаме дека е и во интерес на Москва, и во интерес на Брисел и земјите-членки на Европската унија што е можно поскоро да излезат на патот на оживување на нашиот дијалог. Има многу теми кои бараат наша соработка. Тоа се и предизвиците на нашето време, тоа е и заедничката борба против тероризмот, со климатските промени и така натаму и така натаму“, рече Песков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња