„Законот 6765 (за ратификација на договорот за „Турски тек“) се признава за прифатен“, се вели во соопштението, пренесува РИА „Новости“.
Одлуката на претседателот е објавена во „Службен весник“ (Resmi Gazete). На тој начин, законот стапи во сила.
Анкара го смета проектот „Турски тек“ важен за енергетската политика на земјата. Властите не исклучуваат дека работите за поставување на гасоводот да почнат на почетокот на 2017 година.
Од руската страна во моментот се одвива усогласување во владата. Членот на комитетот на Државната Дума за меѓународни работи Сергеј Железњак претходно изјави дека парламентот може да го ратификува во најскоро време.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче