Експерт: „До крајот на месецов Алепо ќе биде целосно исчистен“

„Западот ќе ги користи медиумите за да ја валка Русија, исто така ќе ги користи меѓународните организации под контрола на Западот за да ја доведат во прашање нашата помош“, изјави за весникот „Взгљад“ експертот Семјон Багдасаров.

Тој потсети дека Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) „всушност, ги стави на ист тас злосторствата против нашата болница и наводните повреди против болниците во источниот дел на Алепо“. „Таму каде што тие имаат лостови, тие ќе ги користат за да покажат дека сме лоши“, наведува експертот.

Резолуцијата (на СБ ООН) не ѝ одговараше на Русија и со  фактот дека „нѐ ставаат во ист кош со терористите, сметаат дека она што ние го правиме таму, е еквивалентно на она што го прават терористичките групи“. Овојпат не само што нѐ обвинуваат, туку нѐ принудуваат на прекин на борбените дејствија.

Соговорникот потсети дека Русија веќе направи отстапки, во рок од 28 дена не ги употреби своите воздухопловно-ракетни можности. Сега, кога под контрола на опозицијата остана една четвртина од она што неодамна го контролираа, кога целосно е прекината комуникацијата, кога тие (милитантите) се опколени и кога им привршува муницијата, „ние треба, се чини, да го прекинеме сето тоа, од воена гледна точка тоа е целосна глупост, да не зборувам за политичка“, потенцира експертот.

Западот нема никакви шанси од воена гледна точка да го попречи заземањето на Алепо, смета Багдасаров.

„Единствено ако се случи директна инвазија на турската армија, која е веќе на територијата на Сирија, во правец на Дамаск и Алепо, но се надевам дека тие нема да го сторат тоа. Ако нема некакво следно „примирје“, хуманитарни паузи и слично, тоа ќе до крајот на месецот Алепо ќе биде во целост исчистен од терористи“, убеден е експертот, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња