Германски медиуми вознемирени од враќањето на рускиот „воз-дух“

Германскиот печат е вознемирен од извештаите на медиумите за успешните тестови на рускиот борбен железнички ракетен систем „Баргузин“ - новинарите пишуваат за „нуклеарниот воз кој сее страв“ и се потсетуваат на Студената војна.

На пример, „Ди Велт“ истакнува дека одлуката на НАТО да распореди во Полска и во балтичките држави меѓународен контингент на Алијансата предизвикала остра реакција од Москва. Засилувањето на руските сили во Калининградската област, испраќањето дополнителни дивизии на западните граници на Русија – сето тоа се последици од експанзивна политика на Западот. „Од гледна точка на Москва, Западот ја премина Рубикон со зајакнувањето на присуството на НАТО во Источна Европа“, пишува „Ди Велт“. Меѓу другото, Москва се зафати и со реконструкција и модернизација на советскиот проект за „нуклеарен воз“: борбениот железнички ракетен систем „Баргузин“, опремен со интерконтинентални ракети.

Новинарите на магазинот „Фокус“ стравуваат дека „Баргузин“, наоѓајќи се длабоко во тилот и постојано менувајќи ја својата локација, ќе биде подготвен во секој момент да нанесе удри врз стратешките цели на Западот. Токму тоа беше намената на советските „возови-духови“. Притоа последниов беше отстранет од составот на Стратешките нуклеарни сили во 2005 година. „Современите средства за разузнавање тешко дека ќе можат да го откријат „Баргузин“. Сето тоа е поради сличноста на БЖРС со обичните возови“, тврди „Фокус“. Истото мислење го дели и списанието „Штерн“.

Како што претходно соопшти генералниот конструктор на копнени ракетни системи на Московскиот институт за термотехника Јуриј Соломонов, тестирањето ракетниот систем беше планирано за четвртиот квартал од 2016 година, а веќе на почетокот на 2017 година Министерството за одбрана на Русија треба да поднесе извештај за статусот на проектот до рускиот претседател. Во ноември руските медиуми објавија за успешна реализација на „лансирните“ тестирања. Се претпоставува дека „Баргузин“ ќе биде опремен со шест интерконтинентални балистички ракети и, за разлика од советскиот аналог, надворешниот изглед во целост ќе наликува на обичен патнички воз, пишува РИА „Новости“.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња