Првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер повторно се најде на годинешната листа на магазинот „Форбс“ со „25 најплатени раководители на руски компании“.
Севкупно, според оценката на „Форбс“, примањата на Милер во 2015 година изнесуваат 17,7 милиони долари. Притоа се истакнува дека минатата година овие бројки биле повисоки – 27 милиони долари.
Второто и третото место на листата го заземаат првиот човек на „Роснефт“ Игор Сечин (13 милиони долари) и раководителот на „Сбербанк“ Герман Греф (11 милиони). Според податоците на магазинот, во 2015 година нивните приходи исто така се намалиле.
„Форбс“ истакнува дека ваквиот рејтинг се објавува веќе петта година, притоа рекордот е поставен во 2012 година, кога 25 најголеми руски компании им исплатија на своите менаџери 1,89 милијарди долари. Оттогаш вкупните примања се намалени за 2,3 пати, истакнува изданието, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче