Официјалниот весник на Тихоокеанската флота на ВС РФ „Борбено дежурство“ (Боеваја вахта) пишува дека крајбрежните ракетни системи „Бал“ и „Бастион“ се распоредени на Курилските острови.
Според весникот војниците на крајбрежниот ракетен дивизион „Бал“ почнале уште минатата година да се подготвува за спроведување на вежбовно гаѓање во водите на Јапонското море.
„Исто така, далеку од дома, одговорното борбено дежурство со засилени батерии врши дивизионот на крајбрежниот ракетен систем „Бастион“ на островот Итуруп дивизионот на крајбрежниот ракетен систем „Бал“ на островот Кунашир. Во овој момент единицата се подготвува за редовно гаѓање со крајбрежниот ракетен систем „Бастион“, прецизира весникот.
Ракетниот систем „Бастион“ е наменет за заштита морското крајбрежје во должина од над 600 километри и е во состојба да неутрализира површински бродови од разни видови и класи. Во вооружувањето на системот може да бидат вклучени до ракети 36 „Јахонт“. Системот „Бал“ е вооружен со противбродски ракети Х-35 со дострел од 120 километри, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче