Обама го коментираше разговорот со Путин

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека разговарал со својот руски колега Владимир Путин за Украина и Сирија.

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека во текот на разговорот со својот руски колега Владимир Путин му предложил да се постигне напредок во спроведувањето на „Минската спогодба“ за Украина пред крајот на неговиот мандат во јануари 2017 година. Ова тој го изјави на прес-конференцијата по самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕС) во Перу, која беше пренесува на „Јутјуб“-каналот на Белата куќа.

„Зборував со него (со Путин) за Украина и за потребата од спроведување на „Минската спогодба“. Побарав од него да им даде инструкции на неговите преговарачи да работат со нас (САД), со Франција, Германија, Украина, да се обидат да ја направат таа работа пред да заврши мојот мандат“, изјави Обама, пренесува „Лента.ру“.

Претседателот на САД, исто така, рече дека за време на разговорот со својот руски колега изразил загриженост во врска со воздушните напади врз Алепо и повикал да се постигне хуманитарно примирје по кој ќе следува транзиција кон политичко решение во Сирија.

Притоа Обама изјави дека не зборувал со Путин во врска со наводната руска вмешаност во претседателските избори во САД, затоа што „се веќе зад нас“, и страните се фокусирале на „движење напред“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња