Ереван го објасни распоредувањето на руските „Искандери“

Распоредувањето на руските ракетни системи „Искандер“ на територијата на Ерменија е принудна мерка за да се зачува стабилноста во регионот, изјави претседателот на Ерменија Серж Саргсјан.

„Мислам дека тоа (распоредувањето на системите „Искандер“) беше принудна мера за на некој начин да се воспостави воена рамнотежа во нашиот регион. Не е тајна дека Азербејџан последниве неколку години редовно купуваше најново оружје. Ние немаме такви финансиски можности како Азербејџан, но постојано се обидуваме да ја избалансираме ситуацијата, барајќи противотров. Мислам дека во овој случај „Искандер“ е токму тој противотров“, изјави Саргсјан во интервју за Меѓународната информативна агенција „Русија денес“ (Россия сегодня), пренесува „Взгљад“.

„Искандерите“ беа првпат покажани на јавноста на 21 септември оваа година на парадата во Ереван по повод 25-годишнината од независноста на земјата, но, според некои податоци, примени се во состав на вооружувањето на ерменските вооружени сили многу порано и беа ставени во состојба на борбена готовност за време на ескалацијата на конфликтот во Нагорно Карабах во април оваа година.

„Се разбира, трката во вооружување не е добра ситуација, но ние немаме избор кога секој ден ти се закануваат со војна, физичко уништување. Треба да преземеш соодветни чекори“, изјави Саргсјан.

Во целина, тој потенцира дека „Русија игра клучна улога во нашиот регион, вклучително и во одржувањето на мирот и стабилноста“.

Саргсјан изјави и дека Ереван има со Русија договор за одржување на балансот на силите во регионот, но и дека нема потреба од нови руски воени бази во Ерменија.

„Мислам дека една база во малата Ерменија е сосем доволна. Сѐ што треба е таа база да има воена моќ“, рече ерменскиот претседател.

Во Градот Ѓумри, 126 км северно од главниот град на Ерменија, е сместена 102 воена база на Вооружените сили на РФ која спаѓа во рамките на Здружениот систем за ПВО на ЗНД. РФ и Ерменија на 20 август 2010 година ја продолжија до 2044 година важноста на договорот за базата. Протоколот предвидува и проширување а сферата на нејзината географска и стратешка одговорност. Базата е опремена со системи С-300В, Бук-М1“, ловци МиГ-29, како и хеликоптери Ми-24 и Ми-8.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња