Рускиот режисер и сценарист Дмитриј Калашников го направи филмот „Пат“ (Road-movie), кој се состои целосно од кадри снимени со автомобилски видеорегистратори. Филмот е нова форма на монтажен филм.
„Овде има забележано многу хумор и трагедии. Видеорегистраторот воопшто не влијае на настаните, затоа нуди оптимални услови за документарен филм. На снимката се прикажани реалии од животот во Русија и односот спрема животот. Ова е навистина руски филм“, изјави режисерот за руското издание на „Холивуд репортер“.
Според режисерот, за снимањето бил инспириран од популарноста на видеата снимени со видеорегистратори во текот на падот на метеоритот во Челјабинск (1800 километри источно од Москва) во 2013 година. Тие кадри, исто така, ги има во филмот, како и стотици други видеа од цела Русија.
Филмот ќе биде презентиран на фестивалот на документарни филмови „Артдокфест“ кој ќе се одржи во Москва, Санкт Петербург и Екатеринбург во декември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче