Премиерот на Русија Дмитриј Медведев предложи да се преименува кафето „американо“ во „русиано“. Со ваква иницијатива шефот на руската влада истапи на состанокот на Евроазискиот меѓувладин совет, пренесува „Лента.ру“.
Медведев, разговарајќи со белоруските колеги, ги пофали за нивното конструктивно однесување, на што белорускиот премиер Андреј Кобјаков објасни дека во тоа им помогнало кафето.
„(Кобјаков) вели, дајте ми американо. Тоа воопшто не звучи политички коректно. Ајде да го преименуваме американото!“, изјави Медведев, предлагајќи го како алтернатива зборот „русиано“.
Во ноември 2014 година беше објавено дека сопствениците на некои од кафулињата на Крим одбиваат да го користат во менито називот на кафето „американо“. Конкретно, во едно кафуле се појави следново соопштение: „Внимание! Во врска со нестабилната геополитичката ситуација немаме кафе под називот „американо“. Прашајте за „кримско“ кафе. Кај некои кафемати копчето со називот „американо“ исто така беше поправено во „русиано“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче