„Нашата армија не е закана за никого. Сакам тоа уште еднаш да го потенцирам, за сите да слушнам, не само оние кои седат овде“, изјави Путин во текот на разговорот со вработените на претпријатието „Автодизел” во Јарослављ, пренесува РИА „Новости“.
Истовремено тој истакна дека руската армија станала современа и високо ефективна и дека кај вооружените сили неколку пари е зголемен бројот на вежби, маневри и ненајавени проверки, кои „поради нешто ги вознемируваат нашите партнери“.
„Кога тие спроведуваат некакви маневри, ние не сме загрижени, а тие поради нешто веднаш почнуваат да се нервираат, толку што се нервозни“, изјави претседателот на Русија.
„Повторувам, ова е важно, ние никому не му се закануваме, немаме намера никому да се закануваме. Што ќе ни е тоа? Имаме најголема територија на светот, веќе зборував за тоа, сите знаат, и ние мораме сигурно да ја обезбедиме безбедноста на својата сопствена земја, на својот сопствен народ. Нашата армија е во состојба да го стори тоа и ние ќе продолжиме да ја развиваме“, рече Путин.
Тој потсети дека денес во Русија се реализира програмата за развој на армијата која треба да биде не само компактна, туку и многу ефикасна. Претседателот на РФ вети дека ќе ги продолжи структурните реформи, како и понатаму дека ќе ја оптимизира бројноста на силите без масовни кратења.
Путин додаде дека особено внимание, како и претходно, ќе се посветува на информатизацијата на вооружените сили, агентурното и техничкото разузнавање, системите за врска, како и на високопрецизното и високотехнолошкото оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче