Кремљ негира каква било вмешаност во обидот за атентат на лидерот на Црна Гора, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.
„Според официјалните канали никакви барање немаше, не знам дали имало барања на линија на специјалните служби. Но, во дадениотв случај ние располагаме со било какви информации и, се разбира, категорично ја отфрламе можноста за официјална вмешаност во какви било обиди за организирање некакви противправни активности“, изјави Песков изјави како одговор на прашањето за тоа дали имало барања од Црна Гора по повод истрагата за обидот за атентат на премиерот Ѓукановиќ, пренесува РИА „Новости“.
Претходно специјалниот обвинител за организиран криминал и корупција на Црна Гора Миливоје Катниќ изјави дека група руски националисти е осомничена за обидот за државен удар. Според Катниќ, приведените сакале „да ја запрат Црна Гора на нејзиниот пат кон евро-атлантските земји, а особено нејзиното приклучување кон НАТО“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче