Белгија ја обвинува Русија за фабрикација на податоците за Алепо

Белгија негира учество во бомбардирањето на Алепо и ја обвинува Русија за фабрикација на информациите за нападот.

Министерот за одбрана на Белгија Стивен Вандепут ја обвини Русија за фабрикација на информациите за нападот на белгиското воено воздухопловство врз сириското село Хасаџек во близина на Алепо. 

Во изјавата на министерот се истакнува дека во четвртокот, 20 октомври, на военото аташе на амбасадата во Москва му биле предадени „таканаречените докази кои требаше да покажат дека авиони F-16 на белгиското воено воздухопловство се одговорни за нападот во провинцијата Алепо на 18 октомври и кој доведе до жртви меѓу цивилното население“. Како што прецизира Вандепут, Москва доставила карта со маршрутата на летот, пренесува „Лента.ру“.

Според шефот на белгиската одбрана, податоците за радарско препознавање според системот „наш-туѓ“, кои ги покажала руската војска, не се однесуваат на белгиските ловци. Во врска со тоа, продолжува Вандепут, Министерството за одбрана на РФ покажа дека обвинувањата на адреса на Белгија се неосновани. Како што потенцира министерот, Брисел „одлучно отфрла учество на Белгија во претпоставениот воздушен напад“ и очекува демант.

Министерството за надворешни работи на Русија во петокот го повика амбасадорот на Белгија во Москва во врска со ситуацијата околу веројатната вмешаност на белгиската воена авијација во бомбардирањето на цивилното население во Сирија, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња