МО РФ објави ненадејна проверка во Централниот воен округ

Проверката на силите на Централниот воен округ ќе трае 5 дена.

Единиците на Централниот воен округ кои се наоѓаат во Западен и Јужен Сибир (20 илjади војници), вклучително и единиците на ракетните системи С-300 и С-400 се кренати на тревога во текот на контролната проверка на крајот на учебната 2016 година, соопшти за РИА „Новости“ помошникот на командантот на силите на ЦВО полковник Јарослав Рошчупкин.

„Единиците кои се наоѓаат во Западен и Јужен Сибир се кренати денес на тревога и изведоа марш на полигонот каде почнаа сложените тактичко-боеви вежби во текот на контролната проверка на крајот на учебната година“, рече Рошчупкин.

Проверката на силите на ЦВО ќе трае 5 дена. Во текот на вежбите ќе бидат вклучени моторизираните, тенковските и артилериските единици, персоналот на авиобазата Толмачево, дивизионите со ракетните системи С-300 и С-400, одредите за специјална намена, како и сите видови единици за логистика.

Во вежбите првпат ќе бидат вклучени и воени психолози кои ќе ги следат и анализираат единството на секој воен колектив и психолошката состојба на војниците.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња