Амбасадор на РФ: Русија не може да го испорача Сноуден на САД

Амбасадорот на Русија во САД Сергеј Кисљак изјави дека РФ не може да го испорача Едвард Сноуден на САД.

Москва нема ни морално, ни законско право да го испорача поранешниот припадник на Агенцијата за национална безбедност на САД Едвард Сноуден во рацете на американското правосудство, изјави на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон амбасадорот на Русија во САД Сергеј Кисљак.

„Ние немаме ни морално, ни законско право да го испорачаме во рацете на американското правосудство“, изјави амбасадорот, потсетувајќи дека САД и Русија немаат договор за екстрадиција на државјани осомничени за кршење на законот, пренесува РИА „Новости“.

Сноуден во јуни 2013 година им предаде на весниците „Вашингтон Пост“ и „Гардијан“ голем број тајни материјали за програмите за следење на специјалните служби на САД и Велика Британија. Тој замина во Хонг Конг, а од таму во Москва, каде што помина извесно време во зоната за транзит на аеродромот.

Русија му даде привремен азил на Сноуден на една година, под услов тој да  престане со својата работа против САД. На 1 август 2014 година Сноуден доби дозвола за престој од три години, што му овозможува да патува не само во Русија, туку и во странство.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња