Сноуден: Политиката на САД ја создаде ИД

Според зборовите на Едвард Сноуден, најголемата закана на Блискиот Исток е создадена од САД.

Поранешниот службеник на американските тајни служби Едвард Сноуден повторно ја коментираше политика на САД, пренесува „Рен.тв“.

Според неговите зборови, „немаше никаква ИДИЛ сѐ додека ние не почнавме да ги бомбардираме Сирија и Ирак“. Во интервју за шведскиот весник Dagens Nyheter Сноуден исто така се осврна на прашањето за примена на беспилотни летала во американските операции во странство.

„Тие нишанат не во конкретно лице, тие целат на телефон. И не знаат дали тој телефон во моментот е во рацете на терорист или во рацете на неговата мајка. Ете зошто многу напади од дронови доживуваат фијаско, ете зошто гаѓаат свадбени веселби“, изјави Сноуден, алудирајќи на објавените тајни документи во кое се наведува дека 90% од жртвите на нападите се цивилно население.

Сноуден е убеден дека најголемата закана на Блискиот Исток била создадена токму од политиката на САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња