МНР РФ: Има поврзаност меѓу нападите на руската амбасада и заканите од САД

Минатата недела портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави дека, доколку продолжи насилството во Сирија, екстремистите би можеле да ги нападнат руските градови.

Москва гледа поврзаност меѓу нападите врз руската амбасада и заканите кои Вашингтон ги упати до Русија, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.  

„Како што претходно соопштивме, на 3 октомври беше гранатирана руската амбасада во Дамаск. Нападот е извршен од предградието на Дамаск, населбата Џебар, која е под контрола на терористите од групата „Џебхат Фатех ел Шам“, порано попозната како „Ан Нусра“. Никој не е повреден, меѓутоа комплексот на дипломатската мисија е оштетен. Гледаме поврзаност меѓу овој терористички напад и заканите кои Вашингтон ни ги упати претходно“, рече Захарова, пренесува „Взгљад”.

Министерството за надворешни работи на Русија смета дека изјавите на САД за можни терористички напади врз Русија претставуваат инструкции упатени до екстремистите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња