„Би сакал да потенцирам дека ова мерка е изнудена. Ние го сметавме овој договор како еден од важните чекори кон нуклеарно разоружување. За жал, во последно време САД презедоа голем број на непријателски спрема Русија чекори“, се вели во соопштението на веб-страницата на МНР РФ.
Наведени се, на пример, сеопфатните санкции против Русија, зголемувањето на воената инфраструктура на НАТО и бројот на американски сили во близина на руската граница, изјавите за премин кон политиката на „одвраќање“ и заканата од терористички напади во руските градови.
„Сите овие активности од страна на Вашингтон водат кон радикална промена на состојбата во областа на стратешката стабилност и сѐ повеќе ги ограничуваат можностите за руско-американската соработка на полето на намалување на нуклеарното оружје. Нашата одлука е сигнал до Вашингтон: обидите да се разговара со Русија од позиција на сила, со јазикот на санкции и ултиматуми, и притоа да се продолжи селективната соработка со нашата земја само во оние области каде што тоа е од корист на САД, нема да успеат“, изјави Лавров.
Тој истакна дека овој чекор е последица на фундаментална промена на околностите во споредба со состојбата во моментот на склучување на договорот во смисла на Виенската конвенција за правото на меѓународните договори од 1969 година.
„Во случајот со Договорот за утилизација на плутониумот има и уште еден момент. Американската страна зазеде едностран курс за промени на договорената стратегија за утилизација на својот плутониум, повикувајќи се на потребата да се заштедат пари и време. Избрани стратегија на САД не обезбеди неповратност на утилизацијата, дозволувајќи му на Вашингтон да го задржи возвратниот потенцијал. Овој потег САД го презедоа тогаш, кога кај нас практично заврши создавањето на исклучително скапи инсталации за утилизација на плутониумот“, истакна тој.
Лавров особено потенцираше дека Русија не се откажува од своите обврски во сферата на атомското разоружување, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче