Во Сирија стапува на сила режимот на прекин на борбените дејствија, а руската страна ја направи целата потребна подготовка, изјави началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на Русија генерал-потполковник Сергеј Рудској, пренесува РИА „Новости“.
Рудској потсети дека меѓу Руската Федерација и САД на 9 септември 2016 година во Женева беше постигнат договор за воспоставување режим на прекин на борбените дејствија и испраќање хуманитарна помош во реонот на градот Алепо.
Согласно договорот, режимот на прекин на борбените дејствија ќе се обнови на целата територија на Сирија, изјави Рудској. Тој истакна дека за обезбедување на прекинот на огнот во сите сириски провинции Руските центар за помирување на завојуваните страни распореди оперативни групи.
„Ќе ги дознаеме сите тешкотии за обезбедување на режимот на прекин на борбените дејствија во Сирија. Разбираме дека може да настане ситуација, како во август годинава, кога беа прекинати испораките на хуманитарната помош на ООН во источниот дел на Алепо поради несакањето на вооружените опозициски групи, вклучително, и оние под контрола на САД, да ги пропуштат конвоите на ООН преку територијата која тие ја имаа заземено“, изјави Рудској.
Во врска со тоа генералот изрази надеж дека овој пат американската страна ќе ги исполни сите свои обврски. Според него, контролата за исполнување на условите од договорот ќе се врши на сите начини, вклучувајќи и примена на беспилотни летала.
Рудској исто така ја истакна потребата од итно воспоставување канал за врска меѓу Рускиот центар за помирување во „Хмејмим“ и аналитичкиот на воено-политичката група на САД во Аман за обезбедување оперативна размена на податоците и координација на дејствијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче