Грција сака да учествува во гасовод што ќе пренесува руски гас

Грција смета дека е корисен проектот за изградба на гасовод преку нејзина територија за испорака на руски гас во Европа, изјави министерот за животна средина и енергетика на Грција Панос Скурлетис.

Грција смета дека е корисен проектот за изградба на гасовод преку нејзина територија за испорака на руски гас во Европа и е подготвена да учествува во тоа, но сѐ зависи од одлуката на Европската комисија, изјави за РИА „Новости“ министерот за животна средина и енергетика на Грција Панос Скурлетис, коментирајќи ги преговорите со својот руски колега Александар Новак.

Според Скурлетис, разговорите поминале многу добро.

„Грција е заинтересирана за изградба на гасовод, подготвени сме да учествуваме во него, но сѐ зависи од Европа“, рече министерот.

„Тоа е прашање на Европа. Ова прашање ги интересира и Италија и Австрија“, истакна Скурлетис.

На прашањето, дали во преговорите со Европската комисија ќе учествуваат заедно со Грција и Италија и Австрија, Скурлетис одговори: „Така сметаме. Но ќе видиме“.

На прашањето колку брзо може да биде изграден гасовод во случај на позитивна одлука, Скурлетис изјави: „Нема никакви технички проблеми. Но повторувам – сѐ зависи од одлуката на Европа“.

Според него, грчката влада сѐ уште смета дека проектот за гасовод ќе ѝ обезбеди на земјата прилив на инвестиции и ќе создаде илјадници работни места.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња