Сега кога една петина од европската економија (Велика Британија) донесе одлука (и покрај својата елита) да ја напушти ЕУ – за ресетирање на унијата зборуваат речиси сите повеќе или помалку важни политичари, пишува Виктор Мараховски во статијата објавена во интернет магазинот УМ+. „И затоа може смело да се зборува можеби не за ликвидација на единствена Европа, но сигурно за тоа дека најдобрите времиња одамна поминале. На некој парадоксален начин ЕУ и нејзиното денешно единство се многу удобни за обидите на сите во Европа да се насамарат едни со други, непрестајно обвинувајќи се меѓусебно за поткопување на единството на унијата. Со други зборови, гледаме борба за превласт внатре во структурата, а не борба за самата структура“, пишува тој.
Како дојде до тоа? Замислената во осумдесеттите години на минатиот век Европска Унија се разликува од денешната ништо помалку отколку СССР во 80-те години од денешните постсоветски простори.
Се разликуваат луѓето, целите и условите, продолжува експертот.
„Европејците од 90-те години не личат на денешните. Средностатистичкиот Европеец имаше малку повеќе од 30 години, беше роден и воспитуван во традиционално семејство. Беше со речиси бела кожа, беше христијанин и се сеќаваше на гладните 50-ти, се плашеше од нуклеарна војна и комунизмот. Имаше две деца и не знаеше за поимот депопулација.
Средностатистичкиот Европеец денес има речиси шеесет години. Далеку е од традиционалните облици на социјални врски, Има еден и пол пати помалку брачни партнери и деца. Не оди во црква. Не се плаши од нуклеарна војна, но се плаши дека во некој џихад ќе го заколат доселеници чиј број порасна пет пати“.
Мирната глобална супердржава е утопија, тврди Виктор Мараховски. Таа исчезна во ирационалните авантури на САД, во рушењето на цивилизираните држави на Блискиот Исток и во бранот мигранти кој е невозможно да се запре.
Утопијата беше и идејата на „сојуз на еднаквите, без водачи и потчинети“. Како изгледа таа внатрешноевропска рамноправност може секојдневно да се види преку примерот на односот на Германија спрема земјите од источна и јужна Европа, пишува во статијата Виктор Мараховски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче