„Новите санкции на САД сведочат за целосен распад на политиката на Вашингтон спрема Русија“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.
Според него, санкциите на САД само ќе ја зајакнат решителноста на Москва во однос на барањето Киев да ги исполни обврските во врска со Донбас, пренесува „Взгљад”.
Во четвртокот, 1 септември, САД го проширија списокот со санкции спрема Русија и го објаснија тоа со реализацијата на „Минската спогодба“ и ситуацијата на Крим.
Директорот на „Сбербанк“ Герман Греф изјави дека американските санкции можат да се наречат политички и дека нема да имаат значително влијание врз руската економија. Претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер истакна дека санкциите на САД нема да влијаат на работењето на компанијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче