Песков: Реториката на санкции против Русија е без перспективи

Реториката на санкции не помага за решавање на проблемите, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

Москва како и претходно не ја смета санкциската реторика за конструктивна, таа не помага за решавање на проблемите, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Треба уште да се анализира што е проширено, но обично во таквите случаи важи принципот на реципроцитет“, изјави тој. 

„Ние воопшто не разговараме за санкциите, не разговараме за тоа нешто да омекнеме. Ние не ја сметаме воопшто таа реторика за конструктивна, перспективна и која придонесува за решавање на какви било проблеми“, изјави Песков за новинарите, пренесува РИА „Новости“.

Во четвртокот, 1 септември, Министерството за финансии на САД го прошири списокот со санкции против Русија со 17 лица и 20 компании. На пример, под рестрикции се најдоа компаниите ќерки на „Гаспром“ и „Банката на Москва“, како и претпријатија вклучени во изградбата на Керченскиот мост на Крим.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња