Медиум: Кој е заслужен за обновата на руската економија

Правилните потези на Централната банка на Русија ја вратија довербата во рубљата и во макроекономската политика на Русија, сметаат експертите со кои разговараше „Вол Стрит Џурнал“.

Две години по падот на цените на нафтата и воведувањето на економските санкции од страна на Западот, Русија е повторно привлечна земја за инвеститорите, пишува „Вол Стрит Џурнал“. Најзаслужна за тоа е, смета американскиот весник, гувернерот на Централната банка Елвира Набиулина.

Во вторникот, 23 август, берзанскиот индекс на Московската берза достигна рекордно ниво. Годинава тој порасна за 25%, што ја става Русија на шесто место на списокот со 23 земји во развој според верзијата на MSCI Inc., се истакнува во статијата. Освен тоа, рубљата зајакна во однос на доларот за 13% и овој показател ја става руската валута на трето место меѓу земјите на развој според верзијата на Morgan Chase & Co.

Многу инвеститори, продолжува „Вол Стрит Џурнал“, сметаат дека за јакнењето на руската економија најмногу придонесе гувернерот на Централната банка Елвира Набиулина. Весникот потсетува на нејзината неочекувана одлука од ноември 2014 година курсот на рубљата да не го врзува за доларот, како и на наглото зголемување на референтната каматна стапка за да се спречи одливот на капитал и да се намали инфлацијата.

„Овие потези беа тешки за руската економија која падна во рецесија поради намалувањето на курсот на рубљата, како и поради намалената куповна моќ на граѓаните. Но со време овие потези придонесоа да се поврати довербата на меѓународните инвеститори во руската економија во која и понатаму се чувствува влијанието на кризата од 1998 година“, се истакнува во статијата.

Правилните потези на Централната банка на Русија ја вратија довербата во рубљата и во макроекономската политика на Русија, сметаат експертите со кои разговараше „Вол Стрит Џурнал“.

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња