Одликувања за војниците загинати при диверзијата во Крим

Русија ќе награди со највисокото државно одликување двајцата војници убиени во престрелката со група украински диверзанти кои планираа да извршат терористички напади во Крим, пренесува RT.

Русија ќе награди со највисокото државно одликување двајцата војници убиени во престрелката со група украински диверзанти кои планираа да извршат терористички напади во Крим, пренесува RT.

Весникот Комерсант, повикувајќи се на извор во руските служби за безбедност, за првпат ги откри имињата на руските војници убиени при обидот на група украински диверзант, кои пренесуваа експлозив, да ја преминат руско-украинската граница и да влезат во Крим на 7 август.

Тоа се потполковник Роман Каменев и војникот Семјон Сичов. Каменев е предложен за награда „Херој на Русија“ - највисокото државно одликување, а Сичов за „Орден за храброст“.

Изворот на Комерсант откри и детали за операцијата во која руските граничари ги спречија украинските диверзанти да извршат терористички напади на територијата на Крим.

Според него руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) добила информации за плановите на Украина за навлегување во Крим на 6 август. Оперативната група, предводена од Каменев, била поставена на местото на планираното злосторство, а кога тие го забележале движењето на украинските агенти, рускиот командант ги повикал да се предадат. Украинците возвратиле со истрели во Каменев, а руската страна возвратила на огнот и убила најмалку двајца од диверзантите. Други тројца се приведени. Останатите од групата успеале да избегаат назад на украинска територија.

Војникот Сичов е убиен при друга престрелка неколку часа подоцна, кога руската единица открил друга вооружена група при обид да ја премине границата со Украина. Групата отворила оган против руските војници и го ранила Сичов, кој починал подоцна во амбулантна кола.

Изворот тврди дека руските војници биле ограничени во своите постапки и не можеле да пукаат во Украинците кои бегале, бидејќи не сакале да погодат во некој од домовите на цивилите од украинската страна на границата. Тој додава дека тројцата уапсени Украинци се обиделе да ја префрлат вината за смртта на руските војници еден на друг, со што нивните искази се измешале.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња