Бомбардерите на Воздушно-космичките сили на Русија во Сирија извршија напад врз објектите на „Исламската држава“, соопшти Министерството за одбрана на РФ.
Ту-22М3, кои полетаа од аеродроми на територијата на Русија, извршија концентриран напад со распрскувачка муниција во реоните југозападно, источно и североисточно од Деир ел Зор, пренесува РИА „Новости”.
Во нападот се уништени два командни пункта на терористите, шест големи магацини со оружје, два тенка и четири пешадиски возила, седум автомобили со оружје со голем калибар и голем број терористи.
Бомбардерите беа придружувани од авиони Су-30СМ и Су-35С, кои полетаа од авиобазата „Хмејмим“.
Министерството за одбрана истакнува дека по успешно извршената задача сите руски авиони се вратени во своите бази.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче