Руското вооружување, вклучувајќи ги ракетните и ПВО системите, го надминува по моќ британското вооружување, пишува „Тајмс“ повикувајќи се на извештај до кој дојдоа медиумите.
Според информациите на „Телеграф“, извештајот бил направен во март годинава под раководство на командантот на британската армија сер Ник Картер. Новинарите тврдат дека извештајот се базира на маневрите кои се одржаа во Украина.
„Во малку веројатен случај на директна конфронтација меѓу НАТО и Русија, треба да признаеме дека Русија во овој момент има значителна предност пред вооружените сили на Велика Британија“, цитира изданието извадок од документот.
Во извештајот се истакнува дека британскиот транспорт со вредност од 3,5 милијарди фунти се смета за „поранлив“ за руските минофрлачи и ракетни гранатирања во случај на воени дејствија.
„Со оглед на фактот дека некои од нашите врвни воени можности од 2003 година ослабеа, треба да најдеме начини да ги водиме борбените дејствија поразумно на тактичко ниво, признавајќи дека некои противници можат да бидат вооружени со средства кои ги надминуваат нашите“, го цитира изданието заклучокот на експертите.
Авторите на извештајот изнесуваат и низа препораки за британските власти. Според нив, војската треба да биде подобро запознаена со онлајн-тактиката во врска со „Фејсбук“ и „Твитер“, а исто така и да се откаже од употреба на електронски уреди за време на одржување на воените вежби.
Исто така се истакнува дека Велика Британија и сојузниците на НАТО „направија сѐ што можеа да ја достигнат“ Русија во употребата на електронски средства за пресретнување на непријателски беспилотни летала.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче