Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека Западот ризикува да ја „загуби“ Турција поради сопствените грешки, а не поради односите на Анкара со Москва или Пекинг.
„Доколку Западот ја загуби Турција, тогаш односите со РФ, Кина или исламскиот свет немаат врска со тоа. Тој ќе ја загуби Турција поради своите грешки“, изјави Чавушоглу во интервјуто за агенцијата „Анадолу“.
„ЕУ прави многу сериозни грешки, вклучително и на планот на поддршката за обидот за државен удар“, додаде министерот.
Тој исто така кажа дека Анкара и Москва работат на „сигурен механизам“ за сириското решение, изјави министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу.
„Создаваме моќен механизам со РФ за Сирија“, изјави Чавушоглу.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче