Претседателот на Русија Владимир Путин го поднесе за ратификација во Државната дума нацрт-договорот меѓу Русија и Сирија за распоредување на авиогрупа на Вооружените сили на Русија на неопределено време на аеродромот Хмејмим во сириската провинција Латакија. Документот беше објавен во вторникот, 9 август, пренесува „Лента.ру“.
Во објаснувањето на предлогот се истакнува дека авиогрупата е распоредена на аеродромот Хмејмим по барање на сириската страна. Согласно документот инфраструктурата на аеродромот и неопходната територија по договор меѓу страните се дава на користење на руската војска без надомест.
„Примената на руската авијациска група се врши во согласност со одлуката на нејзиниот командант според плановите договорени меѓу страните. Составот на руската авијациска група се дефинира од руската страна по договор со сириската страна“, се вели во предлог-договорот.
На 29 јули владата на РФ го одобри договорот за распоредување на руска авиогрупа во Сирија и го достави документот до претседателот Путин за негова ратификација во Државната дума. Договорот беше потпишан во Дамаск на 26 август 2015 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче