Жителите на Руската Федерација сметаат дека најголемите достигнувања на претседателот на Русија Владимир Путин се зајакнувањето на позицијата на земјата во светот, зголемувањето на борбената моќ на Вооружените сили на РФ и воспоставањето ред во државата. Ова се резултатите од анкетата што ја спроведоа социолозите на „Левада-Центар”, пренесува „Лента.ру“.
Зголемувањето на борбената способност и реформата на Вооружените сили за најголемо достигнување на шефот на руската држава ги сметаат 14% од испитаниците, зајакнувањето на меѓународните позиции на Русија го сметаат 11% од населението. За економскиот развој на земјата, воведувањето ред во државата и одржувањето на стабилна политичка ситуација гласаа по 10% од испитаниците.
7% од руските државјани го издвојуваат зголемувањето на квалитетот на животот на граѓаните, покачувањето на платите и пензиите како најголемо достигнување на претседателот на Русија. Истражувачите објавија исто така дека на позицијата шеф на државата Путин одговорил на очекувањата на повеќе од половината руски државјани (53%), додека незадоволство од постигнатото изразиле 23% испитаници.
Според податоците на истражувањето, од 78% руските граѓани му веруваат на Путин, 18% не му веруваат, а 5% не сакаа да одговорат на ова прашање.
Анкетата е спроведена во периодот од 22-25 јули на 1600 испитаници постари од 18 години во 137 населени места во 48 региони на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче