Газаев изјави за радиото „Зборува Москва“ дека се неопходни реформи во рускиот фудбал.
Според него, последните резултати на меѓународна сцена ја покажале „многу ужасната состојба“ на рускиот фудбал.
„Пред сѐ, неопходно е да се реформира целиот руски фудбал“, истакна кандидатот за претседател на РФС.
Газаев исто така изјави дека има програма која ќе ја реализира по неговото именување на функцијата.
Во моментов на чело на РФС е министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко. Во вторникот Здружението на домашни тренери ја поднесе кандидатурата на Валериј Газаев. Изборите за претседател на организацијата ќе се одржат на 24 септември во Москва. Пријавите се примаат до 15 август, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче