Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека во последните 24 часа двапати разговарал со Москва и изрази загриженост во врска со хуманитарната операција на Русија во Алепо, соопштува агенцијата Ројтерс.
Кери изјави дека доколку операцијата на Русија за испорака на хуманитарна помош е „финта“, тогаш тоа во целост ќе ја уништи соработката меѓу Русија и САД во Сирија.
Во четвртокот Русија заедно со сириската влада почна масовна хуманитарна операција за помош на цивилното население во градот Алепо. Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу изјави дека за излегување од градот ќе бидат формирани три коридори за цивилните жители и бунтовниците кои сакаат да го положат оружјето, како и уште еден – за бунтовниците со оружје и техника, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче