Полска ја зајакнува својата ПРО за да се заштити од Русија

Од Министерството за одбрана на Полска велат дека приоритет во модернизацијата на војската до 2022 година зајакнување на противракетниот штит на земјата, а Варшава донесува таква одлука по припојувањето на Крим кон Русија, пишуваат западните медиуми.

Како што изјави заменик-министерот за одбрана на Полска Батош Ковнацки, Варшава планира да потроши околу 10 милијарди долари на купување системи за противвоздушна одбрана и противракетна одбрана со среден дострел, како и 5  милијарди долари за ПВО систем со мал дострел, пишува „Дифенс Њуз“.

Полскиот министер за одбрана Антони Мацеревич изјави дека Варшава најверојатно ќе потпише договор со американските власти и компанијата „Рејтеон“ (Raytheon) за испорака на ПВО системот „Патриот“.

Изданието додава дека полските планови можат да се објаснат како реакција на модернизацијата на ракетниот потенцијал на Русија во Калининград, кој се граничи со Полска и Литванија, а се мисли на балистичките ракети 9K720 „Искандер“.

Според различни процени, пишува изданието, руските ракети имаат дострел од 500 км, односно можат да ги погодат главните градови на Полска и Литванија. Аналитичарите, чие мислење го наведува изданието, се сомневаат дека Полска ќе ги добие првите системи „Патриот“ пред 2022 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња