Исинбаева ќе ја бара правдата во Стразбур

Меѓународниот олимписки комитет не ја исклучи целата руска репрезентација од Олимпијадата во Рио, но руските атлетичари се исклучено поради претходната одлука на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ).

Двократната олимписка шампионка во скок со стап Елена Исинбаева ќе поднесе до Европскиот суд за човекови права во Стразбур жалба по повод одлуката на Меѓународниот олимписки комитет таа и други руски атлетичари да не учествуваат на Олимпијадата во Рио де Жанеиро, изјави тренерот на Исинбаева Евгениј Трофимов.

„По она што се случи, Лена (Елена Исинбаева) ќе се обрати до Судот за човекови права во Стразбур, затоа што одлуката (на Извршниот комитет на МОК) е незаконска кога станува збор за неа и целиот тим“, изјави Трофимов. „Но пред сѐ таа беше изненадена од реакцијата на нашето раководство. Ги кренаа рамениците и никому ништо“, пренесува „Взгљад”.

Трофимов изјави дека Исинбаева во моментов продолжува со тренинзите.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња