Медиум: Русија меѓу првите три сили со најсилно ВВ во 2030 година

Магазинот „Национален Интерес“ состави листа на пет земји чие воено воздухопловство ќе биде најсилно до 2030 година.

На листата се наоѓаат земји со традиционално силно воено воздухопловство како што се Русија, САД и Велика Британија. Авијација на овие земји ќе може да дејствува во најразлични конфликтни ситуации, од воздушни кампање против одделни цели до воени операции од широки размери, пишува „Национален Интерес“.

Наведените земји имаат големи, современи, способни за реакција воени воздухопловства кои се од витално значење за осигурување на националната безбедност. Кинеските Воено-воздушни сили претставуваат новитет на листата. Кина продолжува да ја зголемува својата воена моќ во воздух согласно нејзиниот статус на втора по сила економија на светот, констатира американскиот магазин.

Како што се истакнува, во 2030 година најсилно Воено воздухопловство ќе имаат САД. А тоа значи дека ќе имаат 187 повеќефункционални ловци од петта генерација F-22 Raptor, како и 178 ловци од четврта генерација F-15C „златен орел“, наменети за сите временски услови, кај кои ќе биде значително унапреден радарскиот систем и системот со инфрацрвени сензори, смета магазинот. Освен тоа, американската војска ќе располага со речиси 1800 ловци-бомбардери од петта генерација F-35 кои ќе ги заменат лесните ловци F-16C и јуришните авиони A-10 Thunderbolt.  Списанието наведува дека САД ќе имаат воени авиони-танкери Боинг KC-46  и бомбардери Б-21.

Доколку Русија до 2030 година успее да ја надмине актуелната економска криза, нејзината воено-воздушна флота ќе биде веднаш зад онаа на САД, но и во најлош случај ќе влезе меѓу првите десет. Двата најважни проекти во Русија се ловецот од петта генерација ПАК-ФА (Т-50) и стратешкиот бомбардер-носач на ракети од последна генерација ПАК-ДА. Русија нема да може да се потпира на ловците МиГ-29, како ни на Су-27/30/34, а Т-50, како што се очекува, ќе претставува конкуренција на новиот американски F-22. ПАК-ДА треба да ги замени суперсоничниот стратешки бомбардер-носач на ракети Ту-160 и носачот на ракети бомбардерот Ту-22 М. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња