Кремљ загрижен од „турбулентноста“ на границите на Русија

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека безбедноста на границите на земјата е соодветно обезбедена, а Русија е заинтересирана за стабилноста и просперитетот на своите соседи.

Според портпаролот Песков, тешко возможно е подеднакво да се квалификува она што се случува во различни земји на границите на Русија,  пренесува „Газета.ру“.

Во случајот со Турција станува збор за обид за државен удар, а во случајот со Ерменија и Казахстан – „различни криминални манифестации“.

„Несомнено, манифестацијата на таква турбулентност на нашите граници предизвикува вознемиреност. Несомнено, тоа изнудува крајно внимателно да ја следиме ситуацијата и да ја анализираме. Безбедноста на земјата и пограничниот периметар на земјата, несомнено, се обезбедуваат на должното ниво“, истакна портпаролот.

Според зборовите на Песков, потребните мерки се преземаат врз основа на добиените информации.

„Ние би сакале да ги видиме нашите соседи како стабилни, просперитетни и предвидливи држави. И во овој случај постојат сите причини да веруваме дека нашите соседи го имаат неопходниот потенцијал да бидат такви“, истакна портпаролот на рускиот претседател.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња