МНР РФ ја соопшти главната тема на Советот Русија-НАТО

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова ги соопшти темите на состанокот на Советот Русија-НАТО кој ќе се одржи на 13 јули во Брисел.

 Централна тема на состанокот на Советот Русија-НАТО ќе бидат решенијата за понатамошното зголемување на военото присуство на Алијансата на „источното крило“ и нивните последици за европската безбедност, изјавија од Министерството за надворешни работи на Русија.

„Во текот на разгледувањето на другите прашања кои се однесуваат на воената дејност, руската страна има намера да иницира дискусија за инцијативата изнесена од нашите фински парнери, тнр. „план на Ниинисте“, за зголемување на авијациската безбедност во регионот на Балтичкото море, да ги акцентира ризиците за стратешката стабилност кои настануваат како резултат на континуираната изградба на системот за ПРО на США/НАТО во Европа“, истакна портпаролот на министерството Марија Захарова.

 Исто така дипломатите планираат да ја разгледаат ситуацијата во Украина, ситуацијата со безбедноста во Авганистан и регионалните терористички закани, додаде Захарова.

Состанокот на Советот Русија-НАТО ќе се одржи во Брисел на 13 јули, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња