Москва во саботата официјално потврди: Вашингтон навистина побарал заминување на двајца руски дипломати, пренесува РИА „Новости“.
Соодветна изјава на заменик-министерот за надворешни работи на Русија беше објавена на сајтот на рускиот дипломатски ресор.
Потоа Москва ја напуштија двајца службеници на амбасадата на САД – тие беа прогласени за персона нон-грата за активности кои не се совпаѓаат со дипломатскиот статус. Притоа американската амбасада одби да го коментира сегашниот статус на своите службеници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.