Медиум: Москва го откри лицемерието на Западот во однос на ИД

Западот преферира да се помири со експанзијата на терористите, преземајќи само срамежливи обиди да им се спротивстави, пишува француски „Фигаро“.

Москва го откри лицемерието на Западот во однос на „Исламската држава“, сепак Европа и САД се упорни во својот став да не се здружат со Русија во борбата против екстремистите, пишува „Фигаро“.

Западот преферира да се помири со експанзијата на терористите, преземајќи само срамежливи обиди да им се спротивстави. А на повлекувањето на „Исламската држава“ погрешно се гледа од страна на западните лидери како на победа над ИД.   

Според мислењето на авторот на статијата, зачестените терористички напади во Истанбул, Медина и Багдад сведочат за тоа дека милитантите повторно се повекуваат во илегала поради поразите во реалните воени дејствија.

„Западот во целина толку заглави во конфликтите со Левант (општ назив за земјите што се наоѓаат на источниот дел од Средоземното море) што нашите земји од ден на ден сѐ повеќе стануваат беспомошни играчки на терористите кои се подготвени да се борат до последен“, пишува „Фигаро“.

Поради отстапувањето на ИД во Ирак и Сирија, терористите ја удвоија жестокоста, испраќајќи бомбаши-самоубијци во сите муслимански земји со цел нивна дестабилизација. Европа исто така се наоѓа под закана поради мигрантската криза, која ја покажа апсолутната незаштитеност пред притисокот на екстремистите.

Западот се замисли дека може да води „прокси војни“, да го дестабилизира и прекројува регионот како што сака. Всушност, регионалните држави го користат за свои интереси, особено „умерените исламисти“ – миротворечки оксиморон кој непромислено го поддржаа на Запад. Како резултат на тоа тие се поделија на безброј групи, што дури и не може да се класифицира се вели, во статијата на францускиот весник.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња