На 30 јуни претседателот на РФ Владимир Путин ги укина посебните мерки во однос на Турција. Директно беа укинати две ограничувања: препораката за воздржување од продажба на тури во Турција и забрана за чартер летови.
„Проблеми со авионите, се разбира, ќе има, многу авиокомпании во кризата ја намалија флотата“ изјави за весникот потпретседателот на АТОР Дмитриј Горин.
Проблеми со распоредите за летање за туристичките дестинации се појавија уште пред указот на претседателот. На пример, на ситуацијата влијаеше и заминувањето од пазарот на најголемиот превозник „Трансаеро“, изјави Горин.
Тој претпоставува дека масовни чартер летови ќе има не порано од август. За реализација на таквите летови е потребна дозвола од „Росавијација“, и сите играчи на пазарот се принудени практично истовремено да го „затрупаат“ регулаторот со барања.
„Росавијација“ потврди дека веќе има регистрирано одложување на летовите кај низа авиокомпании. Без оглед на утврдениот распоред на летови, превозниците ветуваат дека ќе најдат излез од ситуацијата со намалување на фреквенцијата на чартерите до непопуларните дестинации или со замена на авионите.
Меѓутоа, некои компании сметаат дека нема да можат да најдат доволен број на авиони, пишува „Ведомости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче