Спасувачите ги најдоа телата на сите 10 загинати членови на екипажот на авионот на Министерството за вонредни состојби на Русија Ил-76 што се урна во Иркутската област, соопшти началникот на Сибирскиот регионален центар на МВС Сергеј Диденко.
„На местото на уривањето на авионот во текот на спасувачката операција која траеше цела ноќ, пронајдени се телата на уште двајца членови на Ил-76. На тој начин, најдени се телата на сите загинати авијатичари“ изјави тој на состанокот на оперативниот штаб на МВС РФ, пренесува РИА „Новости“.
Владата на Иркутската област соопшти дека на местото на уривањето веќе почнале да работат експерти од судска медицина кои собираат материјал за вршење генетска експертиза. Се планира телата да бидат доставени во Иркутск, а потоа во Санкт Петербург. Владата исто така соопшти дека во непсоредна близина на местото на несреќата во моментов е активен природен пожар и дека за негово гаснење се планира да биде префрлена група од 145 спасувачи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче