Сериските испораки на ловецот од петтата генерација ПАК ФА (попознат и како Т-50) за Министерството за одбрана на РФ ќе започнат 2018 година. Ова денес го изјави заменик-министерот Јуриј Борисов во текот на посетата на фабриката за авиони „Гагарин“ во Комсомолск на Амур, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на РФ.
Јуриј Борисов провери како се одвива реализацијата на државните воени нарачки, ги обиколи монтажните погони и се запозна со процесот на производство на авионот ПАК ФА.
„Во тек е производство на експериментална партија авиони Т-50, а договорите за негово сериско производство планираме да ги склучиме во 2017 година со рок за испорака од 2018 година“, изјави Борисов за ТАСС..
Тој исто така се запозна и со процесот на производство на ловците Су-35С.
Во Русија во тек е тестирање на ловците од петта генерација ПАК ФА кои својот прв лет го реализираа во 2010 година. Претходно беше соопштено дека државните тестирања на авионите ќе бидат завршени во 2016 година, а во 2017 година требаше да почне сериското производство и испорака на леталата за Вооружените сили на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче