Наришкин ги обвини САД за империјалистички амбиции

Спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин ги обвини САД за покажување империјалистички амбиции во Украина и во Европа во целина.

„Обратете внимание на реториката на американските политичари и функционери. Тие зборуваат буквално на секој чекор, велат, ги продолжуваме санкциите против Русија исклучително за да помогнеме за политичко решавање во Донбас. Во таквите изјави нема ни чесност ни рационалност. Има само лага и лошо изведена пропаганда, и стремеж подолго да се држи шепата врз туѓи територии, и во Украина, и во целина во Европа. Тоа не е ништо друго освен покажување на јасно империјалистички амбиции од страна на САД“, изјави Наришкин на седницата на работната група за анализа на правните акти кои се донесуваат во Украина.

Притоа Наришкин ја смета за тешко разбирлива политиката на раководството на ЕУ, кое „му излегува во пресрет на Вашингтон“. „Тешко е да е сфати зошто на раководството на европските држави му е потребно веќе сто и петти пат да оди зад опашката на американската политика, место да ги штити интересите на населението на своите земји“, рече Наришкин, додавајќи дека намерата на Европејците за воспоставување на нормални односи со Русија е очигледна за повеќето.

„Бирократијата на ЕУ не сака да ги слуша самите Европејци, затоа кротко ги прима советите и наредбите од Вашингтон. И веројатно, толку критичниот јаз меѓу ветувањата и реалноста сериозно влијаеше на неодамнешниот избор што го направија граѓаните на Велика Британија“, заклучи спикерот на Думата.

Во понеделникот заменик-портпаролот на Белата куќа Ерик Шулц изјави дека антируските санкции наводно довеле до намалување на економијата на Русија за една шестина.

Меѓутоа истиот ден Министерството за економски развој на Русија соопшти дека намалувањето на БДП-то на Русија во јануари-мај 2016 година изнесувало 1% годишно, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња