Земан: ЕУ веќе нема да биде рамноправен партнер во дијалогот со Русија

„Точно е она што се зборува за ЕУ дека е економски џин и политичко џуџе”, изјави чешкиот претседател Милош Земан.

Европската унија повеќе нема да биде рамноправен партнер во дијалогот со Кина, Русија и САД, изјави во неделата чешкиот претседател Милош Земан, коментирајќи ги резултатите од референдумот во Велика Британија за излегување на земјата од ЕУ.

„Точно е она што се зборува за ЕУ дека е економски џин и политичко џуџе. Би сакал ЕУ да игра рамноправна улога во дијалогот со Кина, Русија и САД. Тоа повеќе нема да го има“, изјави Земан, пренесува РИА „Новости”.

Според мислењето на Земан, дел од одговорноста за „Брегзит“ треба да преземат раководителите на Европската комисија. „Да беа тие навистина силни личности, до „Брегзит“ немаше да дојде”, смета чешкиот претседател.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња