Генерал Хоџис уплашен од брзината на руската армија

Командантот на копнените сили на САД во Европа Бен Хоџис рече дека се плаши од тоа колку брзо руските трупи може да се преместат на огромни растојанија заедно со целата нивна опрема.

„Најмногу сум загрижен од слободата на преместувањето на руската војска. Нивните ненадејни проверки кои тие ги спроведуваат, лично ме зачудуваат – секојпат кога го прават тоа. Така што можете да разберете зошто ме плаши тоа“, ги цитира неговите зборови Би-Би-Си.

Тој истакна дека руската армија може да ги преместува војската и техниката на огромни растојанија многу брзо, а НАТО нема таква брзина. Притоа тој истакна дека заради тоа потребно е да се создаде воена Шенген-зона, за да ѝ овозможи слобода на движење на Алијансата. Хоџис смета дека токму контролата над целата огромна територија ѝ дава на Русија можност брзо да ја преместува војската на секакво растојание.

Истовремено тој изјави дека ја гледа Русија како „единствена потенцијална закана, способна да ги уништи САД, Велика Британија, Германија или која било друга земја“, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња